НЕ-ДА Консалтинг
НЕ-ДА Консалтинг основана е на 1 Септември 2010 година, со вршење на услуги од областа на книговодство, консалтинг и ревизија. Уште од самиот почеток, во работењето со нашите клиенти настојуваме да создадеме стратегија и концепт кој ќе придонесе за позитивни резултати во остварувањето на нивните цели и интереси. Нашата цел е постојано да создаваме долготрајни и успешни врски со сите наши соработници и клиенти, што се разбира ќе води кон нивен успех и развој. Нашиот имиџ и feedback-от од Ваша страна се од огромно значење на нас.
НЕ-ДА Консалтинг Ви нуди високо квалификуван, крајно професионален и лојален тим, кој со својот академски бекраунд, искуство и експертиза им стојат на располагање на Вашите потреби и интереси.
Компанијата ги следи принципите на независност, точност и сеопфатност. Почитувањето на овие принципи резултира во целосни и објективни извештаи кои обезбедуваат насоки за нашите клиенти во нивното финансиско и сметководствено работење.
Ви стоиме на располагање и за деловен и менаџмент консалтинг, даночен консалтинг, финансиски консалтинг, консалтинг во усовршување на системот на интерно-сметководствени контроли и на системот на сметководство, организација и воведување на интерна ревизија, проценка, вештачење и сл.
Покрај книговодствените услуги и консалтинг, исто така вршиме и посебни договорни ревизорски услуги, како што се ревизија и контрола на финансиски извештаи, извештаи на усогласеност и сл., за трговски друштва и други правни лица, како и за донаторски проекти.